Зголемени цените на угостителските услуги во август

35

restoran-pixabay-masa

Фото: Pixabay

Цените на угостителските услуги во август 2017 година, во споредба со јули 2017 година, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1%, Алкохолни пијалаци за 0,1% и Безалкохолни пијалаци за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во август 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,9%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,7%, додека во однос на декември 2016 година се зголемени за 0,4%.