Цените на угостителските услуги во јули оваа година, во споредба со истиот период лани, се зголемени за 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2%, Безалкохолни пијалаци за 0,5% и Ноќевања за 0,3%.
Цените на угостителските услуги во јули 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,4%.
Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2015 година се зголемени за 0,1%.