Зголемени цените на угостителските услуги во јули

15

Цените на угостителските услуги во јули 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во јули 2020 година, во споредба со претходниот месец, се намалени за 0,3%.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1%, Алкохолни пијалаци за 1,3% и Безалкохолни пијалаци за 0,8%, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 4,9%, кое има најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот индекс.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2019 година се зголемени за 0,4%.

Фото: Freepik