Зголемени цените на угостителските услуги во јуни

38

Цените на угостителските услуги во јуни оваа година, во споредба со цените еден месец претходно, се зголемени за 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2% и Безалкохолни пијалаци за 1,4%, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 0,2%.

Цените на угостителските услуги во јуни оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,6%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2019 година се зголемени за 0,4%.

Фото: Freepik