Фото: Pexels
Цените на угостителските услуги во март оваа година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2% и Безалкохолни пијалаци за 0,1%, додека во групата Алкохолни пијалаци е забележано намалување за 0,4%.
Цените на угостителските услуги во март 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,3%.
Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,3%, додека во однос на декември 2016 година е намален за 0,1%.