Зголемени цените на угостителските услуги во март

11

Цените на угостителските услуги во март 2015 година, во споредба со февруари 2015 година, се зголемени за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,5% и Алкохолни пијалаци за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во март 2015 година, во однос на истиот месец од претходната
година, се зголемени за 0,5%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2015 година, во однос на
истиот период од минатата година, се зголемени за 0,3%, додека во однос на декември 2014 година се зголемени за 0,1%.