Зголемени девизните резерви на крајот на август

10

evra

Вкупните девизни резерви на крајот на август оваа година изнесуваат 2.449.060.000 евра, што претставува зголемување од над 71 милиони евра, во однос на претходниот месец, покажуваат официјалните податоци на Народната банка на Македонија.

Во вкупната вредност на девизните резерви, најголем дел отпаѓаат на хартии од вредност во висина од 1.936.520.000 евра, додека на ова салдо на крајот на јули било 1.861.800.000 евра.

Резервите, што највисоката монетарна институција во земјава ги чува во валути и депозити, на крајот на август биле над 295 милиони евра.

Кај монетарното злато се бележи зголемување на крајот на август – 212.730.000 евра, во однос на јули кога биле 210.850.000 евра.

Девизните средства се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за директно финансирање на нерамнотежата во платниот биланс и индиректно регулирање на таквата нерамнотежа преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс.

Девизните резерви, како средства со кои располагаат и се контролирани од страна на монетарните власти, се состојат од: монетарно злато, специјални права на влечење, резервна позиција кај ММФ и девизи.