Зголемени трошоците на живот во јануари

23

kupuvanje-564x272Според цените на стоките и услугите за лична потрошувачка, трошоците на живот во јануари се зголемени за 0,3% во споредба со декември минатата година.

Државниот завод за статистика денес објави дека пораст на трошоците има во групите Ресторани и хотели за 3,2%, Здравје за 0,8%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,6%, Алкохолни пијалаци, тутун за 0,5%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,3% и кај Облека и обувки за 0,1%.

Намалување е забележано во групите: Рекреација и култура за 1,2%, Транспорт за 0,8%, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации за 0,4% и Останати стоки и услуги за 0,1%.

Во однос на јануари 2012 година трошоците на живот се зголемени за 3,8%.