Фото: Pixabay
Трошоците на животот во јуни 2017 година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,3%, а кај цените на мало порастот е 0,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Пораст на трошоците на животот во јуни 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 8,3%, сувото овошје и јаткастите производи за 2,3%, другите преработки од месо за 0,4%, брашното и другите житарици и другите прехранбени производи за 0,3% и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0,2%.
Во јуни, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 14,5%, цигарите за 5,3%, услугите за сместување за 4,8%, информатичката опрема за 2,8%, пакет туристичките аранжмани за 2,1%, патниот сообраќај за 1,9%, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за под за 1,1%, теписите и другите покривки за под за 0,7%, другите услуги неспомнати на друго место за 0,6%, мебелот за домаќинствата за 0,5%, текстилот за домаќинствата за 0,4%, големите електрични апарати за 0,3%, услугите за одржување и поправки на станот за 0,2%.
Намалување на трошоците на животот во јуни 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 2,4%, млекото за 2,2%, сирењето и урдата за 1,1%, изнутриците за 0,9%, оризот за 0,8%, јајцата за 0,5%, другите пекарски производи и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.4%, маслото и маснотиите и алкохолните пијалаци за 0,2%.
Исто така, во јуни, намалување на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 4%, течните горива за домаќинствата за 3,6%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3,1%, предметите за лична хигиена и здравје за 0,9%, средствата за чистење и одржување на станот, услугите за лична хигиена за 0,7%, малите електрични апарати и услугите за одржување на станот за 0,6%, обувките, лековите и градините, растенијата и цвеќињата за 04%, другите медицински производи, опрема за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,3%, велосипедите и накитот и часовниците за 0,2%.
Трошоците на животот во јуни 2017 година, во споредба со јуни 2016 година, бележат пораст од 1,5%, а цените на мало се зголемени за 2,9%.