Зголемени трошоците на живот во март

12

Трошоците на живот во март оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, а порастот кај цените на мало е 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците на животот во март 2016 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје за 2,7%, јајцата за 1,1%, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5%, свежата и разладената риба за 0,3%, изнутриците и другите прехранбени производи за 0,2%.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 9,8%, фотографската и кинематографската опрема и оптички инструменти за 6,5%, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 3%, градините, растенијата и цвеќињата за 2,4%, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 2,3%, авионскиот превоз на патници за 1,9%, средствата за чистење и одржување на станот и туристичките аранжмани за 1,8%, течните горива и мазива за домаќинствата за 1,1%, услугите за култура за 1%, тутунот, телефонските и телефакс апаратите и телефонските и  телефакс услугите за 0,9%, текстилот за домаќинствата за 0,6%, патниот сообраќај за 0,5%, големите електрични апарати за домаќинствата, информатичката опрема и електричните апарати за лична хигиена за 0,4%, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,3%, гасот за домаќинствата, другите медицински производи неспомнати на друго место, услугите за лична хигиена и средствата за лична хигиена за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот е забележано и кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот, за 1,4%, маслото и маснотиите за 0,9%, оризот за 0,6%, млекото и замрзнатото овошје за 0,5%, безалкохолните пијалаци за 0,4% и другите преработки од месо за 0,2%.

Во март, исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 4,3%, теписите и другите покривки за под за 1,8% и обувките за 0,4%. Трошоците на животот во март 2016 година, во споредба со март 2015 година, бележат намалување од 0,4%, а цените на мало бележат намалување од 1,1%.