Зголемени трошоците на живот во март

14

Трошоците на живот во март оваа година, во однос на претходниот месец, бележат пораст од 0,5%, додека кај цените на мало порастот е 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците на животот од 0,5% во март 2015 година, во споредба со претходниот месец,
е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 5,9%, свежиот зеленчук за 2,9%, свежото млеко за 1,3%, тестенините, конзервираните месни производи, киселото млеко и шеќер, џем, мед, чоколада и кондиторски производи за 0,7% и алкохолните пијалаци за 0,3%.

Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 13%, гасот за домаќинствата и течните горива и мазива за 9,6%, лековите за 6,5%, информатичката опрема за 2,3%, други услуги неспомнати на друго место за 1%, услугите за одржување и поправки на станот и средствата за чистење и одржување на станот за 0,8% и накитот и часовниците за 0,6%.

Намалување на трошоците на животот во март 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите неспомнати прехранбени производи за 2,2%, конзервираната риба за 1,5%, месото и
замрзнатиот зеленчук за 0,6%, рибата за 0,4%, преработките од млеко и сувото овошје за 0,2%.

Во март, исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за
5,2%, материјалите за одржување и поправки на станот за 3,7%, телефонските и телеграфските апарати и услуги за 3,5%, сообраќајните средства и пакет-туристичките аранжмани за 1,3%, услугите за култура за 1%, обувките за 0,8% и останатите стоки и услуги за лична употреба за 0,2%.

Tрошоците на животот во март 2015 година, во споредба со март 2014 година, бележат намалување од 0,3%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0,8%.