Зголемени трошоците за нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје

11

Во третото тримесечје од оваа година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за третото тримесечје од 2013 година, се повисоки за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со второто тримесечје од 2014 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,7%, трошоците за материјали се пониски за 0,1%, а трошоците за вработените се повисоки за 2,7%.

Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со третото тримесечје од 2013 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,3%, трошоците за материјали се пониски за 0,8%, а трошоците за вработените се повисоки за 3,5%.