Зголемено индустриското производство во август

18

Индустриското производство во август оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 9,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи опаѓање од 1,4%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 47,9%.

Според главните индустриски групи, производството во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 39,8%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5%, Капитални производи за 14% и Трајни производи за широка потрошувачка за 25,4%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6%.

Индустриското производство во периодот јануари – август 2019 година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 5,5%.

Фото: Pixabay