Зголемено индустриското производство во мај

33

Фото: Pixabay

Индустриското производство во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 1,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст од 5,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22%. Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на кожа и слични производи од кожа, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на компјутерски, електронски и оптички производи и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 22%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 7,1%.

Индустриското производство во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 6,5%.