Зголемено производството на шумски производи во државните шуми

21

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2023 година, во однос на третото тримесечје од 2022 година, е зголемено за 10,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците, рудничкото дрво, другото обло дрво – од иглолисни

и листопадни видови и кај огревното дрво од листопадни видови, а намалување кај просторното и огревното дрво од иглолисни видови и кај другото грубо обработено дрво, цепениците, дрвените столбови и колците.

Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 199 632 метри кубни и бележи зголемување од 16,2 процента.