Зголемено вкупното производство на шумски производи во третиот квартал

28

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 20,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, другото обло дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни и листопадни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од листопадни видови и просторното дрво од иглолисни видови.