Зголемување на прометот во трговијата на мало во февруари

34

trgovija-pixabay

Фото: Fun lucky / Pixabay

Прометот во трговијата на мало, во февруари оваа година во однос на истиот период лани, забележува зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун каде што прометот номинално е зголемен за 2,3%, а реално за 4%, додека во групата Трговија на мало со автомобилски горива прометот номинално е зголемен за 12,1%, а реално е намален за 5,9%.

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално за 18%, а реално за 16,4%, и во Трговија на мало, освен трговија со горива каде што намалувањето номинално изнесува 9,2%, а реално 8,4%.