Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2015 година, во споредба со декември 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13,1%, а реално за 8,6%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 6,3%, а реално за 6,2%).
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1,2%, а реално за 0,4%).