Зголемување од 1,9% во трговијата на мало во ноември

20

Во трговијата на мало, во ноември 2014 година, во споредба со ноември 2013 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 2,1%, а реално за 1,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 4,1%, а реално за 4,4% и Трговија на мало со автомобилски горива номинално за 8,5%, а реално за 1,6%.