Жас прокнижи загуба од 10,2 милиони денари за три месеци

86

zas-skopje-580x339

Акционерското друштво Жас од Скопје во првиот квартал од оваа година оствари загуба од 10.296.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 694.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од 2016 година беа 1.025.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 1.151.000 денари.