Железнички компании треба да платат 48,5 милиони евра парична казна на ЕК

33

Европската комисија (ЕК) изрече парична казна од 48,5 милиони евра на железнички компании во Германија, Австрија и Белгија поради кршење на прописи за пазарна конкуренција.

Oesterreichische Bundesbahnen, Deutsche Bahn (DB) и белгиски SNCB се здружија во картел за прекугранични услуги за превоз на товар на клучни железнички коридори во ЕУ.

Истрагата покажала дека компаниите разменувале информации околу барањата на клиентите да им се достават понуди за превоз на товар и си отстапувале поголеми удели во бизнисите, наведува Брисел.

Тоа значи дека меѓусебно си разменувале клиенти, што е забрането со европските прописи, заклучува Комисијата.

Фото: Pexels