Железничкиот сообраќај со Грција денеска во прекин

18

Поради штрајк на вработените во грчкиот јавен железнички превоз, денеска во текот на целиот ден, до полноќ, ќе биде во прекин железничкиот сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција, соопшти македонското Министерството за внатрешни работи.

Во Грција денеска се одржува генерален штрајк пред утрешното гласање во Парламентот по пакетот закони за ревизија на државниот сектор, што е услов за продолжување на меѓународната финансиска помош.