Жени претприемачи на Конгрес во Тајван

17

Жени менаџерки од Македонија учествуваат на Конгресот за женско претприемништво што од 21 до 25 септември се одржува во Таипеј, Тајван во присуство на над 150 жени бизнисмени од 120 земји од светот.

Валентина Дисоска од Здружението на бизнис жени од Македонија, во обраќањето истакна дека женското претприемништво во Македонија процентуално е во рамки на европскиот просек, со нешто повеќе од 30% компании основани од жени, но посочи дека основен проблем е големината и изнаоѓањето решение како тие компании да имаат поголем профит, како да се справуваат со кризните ситуации и како да прераснат од микро во мали претпријатија.

Конгресот е во организација на светската мрежа ФЦЕМ – интернационална невладина организација за жени претприемачи, која е основана пред 60 години во Франција.