Житарките Cheerios ја тргнаа маскотата за да го потенцираат проблемот со изумирањето на пчелите

42

bring-back-the-bees-box-hed-2016

Американскиот бренд житарки Cheerios, од кутиите за житарки со мед што ги продава во Канада се одлучи да ја тргне препознатливата маскота – пчелата. Со ова брендот сака да пренесе порака дека една третина од храната важна за човекот зависи од природното опрашување што го прават пчелите. Со изумирањето на пчелите во Канада во последните неколку години, сакаат да свртат вниманието на јавноста кон овој проблем. Затоа ги повикуваат Канаѓаните да засадат 35 милиони цвеќиња, по едно за секој жител.

Кампањата ќе трае во периодот од март до јули.