Жители на германско село возат еден автомобил

60

germansko selo kola

Животот на село може да биде интересен и здрав, но потешкотии се појавуваат кога треба да се оди на доктор, на училиште или на работа. Жителите на едно германско село најдоа одличен начин да го решат тој проблем. Околу 2.000 жители на селото Геј делат еден електричен автомобил во рамки на проектот за поттикнување на рурална мобилност.

Секој жител на ова село, што има возачка дозвола, има право да го користи хибридниот автомобил Renault Zoe за да отиде до продавница, до тамошното училиште или ординација. Поголемиот дел од корисниците плаќаат единствена тарифа од пет евра месечно и околу 20 центи по поминат километар, пишува autobild.de.

germansko selo kola prva

Зад оваа идеја стои локалниот политичар Хелмут Рослер и жителката на селото Силвија Фале. Секој жител на селото може преку интернет или телефонски да закаже термин кај Фале за да ги заврши своите обврски, возејќи го овој “зелен“ автомобил.

“Селаните се посебно заинтересирани за ова возило на електричен погон“, вели Рослер.

germansko selo kola 2