Жителите на овој град за еден викенд изедоа 240 тони сладолед

73

Од јагоди и чоколадо или смоква и лешник? Италијанците викендов го прославија излегувањето од карантин со нивниот највкусен десерт – сладоледот.

“По долг период поминат дома, многумина одлучија да излезат надвор и да се освежат со сладолед“, велат од земјоделската групација на Италија, Coldiretti.

Во земјата има 39.000 продавници за сладолед, што вработуваат 150.000 луѓе и заработуваат околу 2,8 милијарди евра.

Скоро 240 тони сладолед биле изедени минатиот викенд во Рим и покраината Лацио, но и во другите делови од Италија, луѓето уживаа во различните вкусови на сладоледи.

Податоците покажуваат дека 94% од Италијанците редовно јадат сладолед, а 70% од нив најмногу ја сакаат комбинација на топка сладолед во корнет. Секој Италијанец годишно, во просек, јаде повеќе од шест килограми сладолед.