Жито Лукс ја подобри бруто профитната маржа

78

LOGO ZL_new

Компанијата Жито Лукс прокнижи вкупна сеопфатна загуба во висина од 146.114.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, загубата на компанијата изнесуваше 30.240.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Жито Лукс се 1.169.555.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 1.122.230.000 денари, додека остатокот од 47.325.000 денари е остварен на странски пазари.

“Во 2014 година Жито Лукс се фокусираше на својата основна профитабилна дејност. Продажбите на леб се количински зголемени за 4%, како резултат на поагресивни рекламни и промотивни активности и збогатување на асортиманот со нови производи со додадена вредност. Сето ова, вклучително и нашата постојана контрола на трошоците  водеа до пораст на бруто профитната маржа за 1 процентуален поен“, стои во Образложението на финансиските резултати.