Жито Маркети го отвори својот десетти маркет во Велес

76

zito marketi

Големото семејство на Жито Маркети оваа сабота доби проширување, во Велес се отвори 10-тиот маркет во овој град. На површина од 240 метри квадратни, маркетот ќе ги нуди сите поволности и бенефиции потребни на современиот македонски потрошувач, додека квалитетот на производите и услугата на персоналот ќе бидат во согласност со високите стандарди на компанијата.

„Навистина сме задоволни од динамиката на проширувањето на Жито Маркетите на низ цела Македонија. Особено не радува што новиот маркет се отвора токму во Велес, од каде и започнува приказната на Жито Маркети. Секако, нашата приказна не завршува тука – во план ни е понатамошно проширување, со цел да ги покриеме сите градови низ Македонија како и да ја зголемиме нашата мрежа во градовите во кои веќе сме присутни”, изјави Далибор Ѓошевски, генерален менаџер на компанијата.

Отворањето на десеттиот Жито Маркет во Велес, компанијата го одбележи со бројни изненадувања за посетителите на првиот работен ден, акции, попусти, промоции, презентации и дегустации се само дел од нив. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 6 часот наутро до 22 навечер, а во недела од 6 наутро до 14 часот. На отворањето беше присутен и Градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев.

Маркетот, кој донесе девет нови вработувања во Велес, се наоѓа на улицата 8-ми септември, во центарот на градот. Со тоа вкупната бројка на Жито Маркети се искачува на 34 на територијата на целата Република.