Жито Маркети одбележува 25 години постоење

24

zitomarketiКомпанијата Жито Велес денес одбележува 25 години постоење. Генералниот и извршен директор Далибор Ѓошевски најави голем број активности и изненадувања.

„Да се започне бизнис со малопродажба во тогашни услови беше навистина храбар чекор, но развивањето на истиот во денешни услови и достигнувањето до бројка од 25 години работа на пазарот е нешто што подразбира внимателна стратегија за развој, посветеност, постојано редефинирање на услугите и секако инвентивност во привлекувањето купувачи”, истакна Ѓошевски.