Жито Маркети oтвори два маркети во Скопје

22

zito marketi

Жито Маркети отвори два нови супермаркети во еден ист ден, во Аеродром и Кисела Вода. Со ваквиот единствен потег, компанијата од Велес станува подостапна за опслужувањето на граѓаните и купувачите во двете скопски општини.

„Отворањето на два маркета во еден ист ден е секако значаен и посакуван момент во ширењето и растењето на нашата компанија. Со овој гест сакаме симболично да потенцираме дека сме неуморни во нашата посветеност да одговориме на барањата и потребите на граѓаните. Нашата филозофија и работна етика е дека нема тешки задачи и големи одговорности. Имаме поставено цели, имаме и планови и работиме со цел да го оствариме сето она што сме го зацртале, а пред се имаме одговорност да ги исполниме ветувањата кон граѓаните дека ќе бидеме достапни насекаде. Тоа значи дека не застануваме тука – нови Жито маркети ќе бидат отворени наскоро и во други градови низ Републиката”, изјави Далибор Ѓошески, генерален менаџер на Жито Маркети.

Едниот маркет е лоциран во Кисела Вода и е на површина од 246 метри квадратни. На своите потрошувачи ќе им донесе поволни акции и врвна услуга по прифатливи цени, карактеристична за сите маркети од ланецот на Жито. Другиот маркет се наоѓа во општина Аеродром, со 146 метри квадратни корисна површина. Според големината, понудата и цените е класифициран во категоријата како дисконт и ќе нуди поголеми попусти за поголеми заштеди на граѓаните. Врвниот квалитет, брзата услуга, лојалност, пристапни цени – ќе се применуваат и во новите членови на семејството на Жито.

Според традицијата и досегашната практика на Жито Маркети, отворањето на двата капацитети беше проследено со големи попусти, акции, презентации, дегустации, како и подароци за купувачите на првиот ден од работата на овие маркети.