Жито Полог прокнижи загуба од 10 милиони денари за девет месец

39

zito polog proizvodi

Акционерското друштво Жито Полог од Тетово за девет месеци оваа година работеше со загуба од 10.088.000 денари, покажува неконсолидираниот и неревидиран биланс на успех.

Истиот период лани, компанијата работеше со загуба од 19.320.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, достигнаа вредност од 287.023.000 денари. Од нив 285.181.000 денари се реализирани на домашен пазар, додека остатокот од 1.842.000 денари е остварен на странски пазари.