Жито Полог за девет месеци оствари добивка од 6,4 милиони денари

49

zito-polog

Компанијата Жито Полог од Тетово, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 6.432.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период минатата година, компанијата работеше со загуба од 10.088.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период во 2016-та изнесуваа 219.851.000 денари. Од тој износ на домашен пазар се реализирани 219.697.000 денари, а извозот имаше вредност од 154.000 денари.

Основна дејност на Жито Полог е производство на мелнички производи, тестенини и јајца.