Жолта фаза на цела територија на Македонија, температури до 40 степени

16

Целата територија на Македонија, денеска и утре ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата алертна фаза. Температурите, зависно од регионот, ќе се движат од 30 до 40 степени.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со температури од 30 до 40 степени и слаб до умерен јужен ветер. Во Скопје слично време, со температура до 39 степени.

Во сабота попладне ќе има спуштање на посвежа воздушна маса од север, која во недела ќе услови засилен северен ветер, пад на температурите за шест до осум степени и услови за слаб локален дожд.