Златен медал за Етно село Тимчевски на саем во Нови Сад

221

unnamed (1)

На 49-от Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, во категоријата за промоција на специфични туристички понуди, Етно село Тимчевски – Куманово го доби златниот медал за квалитет на услугата во категоријата Етно туризам.

Ова врвно признание го доделува стручна комисија на Новосадскиот саем составена од истакнати професори на факултетите за туризам и гастрономија, хотелиери, долгогодишни туристички работници и експерти од минитерстватата и институциите за туризам во регионот.

За оценка на квалитетот и услугата на угостителските објекти годинава се пријавија над 200 туристички комплекси на хотели и угостителски објекти од десетина земји од регионот.

Во текот на саемот се организирааат презентации, стручни дебати и панели со цел  да се споделат искуствата и да се запознаат спецификите на одделните видови на туристичката и гастрономската понуда. Согласно заедничкиот интерес за поорганизиран настап и представување на сите земји од регионот на големите светски туристички фестивали и настани, се иницираше подготуввање на проекти за поврзување на регионот.

Со цел унапредување на понудата и привлекување на странските туристи, во иднина ќе се стави акцент за поврзување на регионот во една туристичка дестинација. Станува збор за проекти со сегментирани туристички понуди како што се вмрежување на етно туристички комплекси на регионот, бањски и спа објекти, дестинации со нагласка на посета на историско и култулорошко познати локалитети, манастирски туризам и туристички дестинации во најпознатите археолошки наоѓалишта на Балканот.

unnamed (2)

Прва следна можност Етно село Тимчевски – Куманово да ја оправда довербата на експертската комисија на Новосадскиот саем и добивањето на златнот медал за квалитет е најавената посета и престој на над 200 учесници на Првиот меѓународен гастрономски натпревар во Македонија. Натпреварот го организира националното Здружение на готвачи ГАСТРО МАК. Натпреварувачкиот дел на оваа гастрономска средба на професионални готвачи и меѓународни судии од 20-тина земји, ќе се одржува на 18 и 19 октомври од 08 до 20 часот во четвртата хала на Скопскиот саем.