Златото добива конкуренција – Анализа на позната американска банка

367

Златото наскоро би можело да добие конкуренција на инвестицискиот пазар и да го предаде својот удел во статусот на универзална вредност на биткоинот, тврди познатата американска банка Голдман Сакс.

Биткоинот би можел да го надмине пазарниот удел на златото во 2022 година, велат аналитичарите на познатата банка на Волстрит во истражувањето што им го испратиле на своите клиенти, бидејќи вредноста на криптовалутите расте, но и побарувачката за нив меѓу инвеститорите.

Банкарскиот аналитичар Зак Пандл наведува дека биткоинот ќе заземе поголем дел од инвестицискиот пазар во 2022 година од сегашните 20 проценти, пресметувајќи дека пазарната капитализација на таа криптовалута е 700 милијарди долари, додека уделот на златото во глобалните инвестиции е околу 2,6 милијарди долари.

Доколку вредноста на биткоинот надмине 100.000 долари, тоа би значело дека тој има 50 отсто удел на инвестицискиот пазар, пренесува RT.

Според последните податоци од средата попладне, вредноста на биткоинот изнесувала 46.456 долари.

Историски, најголемата вредност на биткоинот беше во ноември минатата година, кога вредеше 69.000 долари.