Знаете ли кои се најплатени спортисти во светот?

78

Аргентинецот и планетарно познат фудбалер, Лионел Меси е најплатениот спортист во светот. Неговата заработка, според магазинот Forbes, е 127 милиони долари, поради што е на врвот на оваа листа.

Во првите пет најплатени спортисти, на Меси друштво му прават: фудбалерот Кристијано Роналдо (109 милиони долари заработка), фудбалерот Нејмар (105 милиони долари), боксерот Канело Алварез (94 милиони долари) и тенисерот Роџер Федерер (93,4 милиони долари).

Последните тројца од вкупно 100 најплатени спортисти се: крикет играчот Вират Коли (25 милиони долари), фудбалерот Мохамед Салах (25,1 милиони долари) и кошаркарот Марк Гасол (25,1 милиони долари).

Најмлади меѓу најбогатите спортисти се: фудбалерот Калиан Мбапе (30,6 милиони долари заработка со само 20 години), фудбалерот Секуан Баркли (25,8 милиони долари, а има 22 години) и кошаркарот Гианис Антетокумпо (43,2 милиони долари со само 24 години).

Меѓу “најстарите“ и најбогати спортисти се: голф играчот Фил Микелсон (48,4 милиони долари заработка и 49 години), исто така голф играчот Тајгер Вудс (63,9 милиони долари заработка на 43 години) и рагбистот Том Брејди (заработка од 27 милиони долари на 42-годишна возраст).

Фото: Pixabay