Знаете ли кој е најголем извозник на пијано во светот?

77

Извозот на пијано во светот минатата година достигна вредност од 920,6 милиони долари, што е раст од 7,8% во однос на 2018 година.

Анализирано по континенти, добавувачите од Азија имаат најголем удел во извозот на овој музички инструмент со 65,9% или 607 милиони долари.

Јапонија е извозник број еден на пијано, покривајќи 36,3% од вкупниот извоз или 334,2 милиони долари.

Меѓу петте најголеми извозници на овој музички инструмент се и: Индонезија (187,2 милиони долари), Германија (175,8 милиони долари), Кина (49,8 милиони долари) и САД (26,3 милиони долари).

Фото: Freepik