Знаете ли што е предизвикот февруарско штедење?

Ако сте заинтересирани за штедење, вистинско време е целосно да се посветите и да го пробате предизвикот наречен штедлив февруари. Овој месечен предизвик е актуелен веќе неколку години.

Што всушност е предизвикот штедлив февруари?

Како што пишува US News, идејата овој најкраток месец, откако заврши празничниот шопинг, да се искористи да ги вратите своите финансии на прав пат.

Ако навистина размислувате да го испробате предзивикот, еве неколку идеи:

Следете ги своите трошоци

Ова е прилично “болна“ финансиска вежба, но ќе ви се исплати на дол рок. Овој месец внимателно следете колку пари трошите (кеш и со картички). Многу луѓе се шокираат кога ќе сфатат каде нивните пари заминуваат.

Впуштете се во парична “диета“

Ослободете се од импулсивното купување. Купувајте ги неопходните работи. Секако, паричната “диета“ не значи дека не треба да трошите пари на ништо, но ако решите да гледате филм, место во кино може да го гледате дома. Ако не ви треба нова гардероба за февруари, тогаш не трошете пари.

Ревизија на сметки

Имате кабелска, а гледате само три канали. Променете го пакетот. Понекогаш се пријавуваме за некои програми, а не ги гледаме или забораваме да ги откажеме промоциите. Тоа се пари кои излегуваат низ врата, а не сте ни свесни.

Фото: Pexels