Zoom собра 1,75 милијарди долари свеж капитал

32

Американската компанија Zoom, којашто управува со истоимената платформа за видео состаноци, преку докапитализација собра 1,75 милијарди долари нов капитал.

Компанијата издаде 5,15 милиони нови акции со редност од 340 долари по акција. Цената на новите акции е скоро 5% над вредноста на акциите со коишто се тргува во овој момент.

Емисијата на новите акции не се погоди во најдобар момент бидејќи тие беа околу 40% под највисоката вредност од средната на октомври минатата година. И покрај падот од рекордно ниво, акциите на Zoom за една година забележаа скок од 400%.

Вредноста на целата компанија се проценува на околу 100 милијарди долари. Zoom важи за еден од најголемите добитници во услови на пандемија.

Фото: Freepik