Зошто амбивертите се најуспешни луѓе?

517

Додека интровертите се повлечени и повеќе сакаат да бидат сами, не комуницираат со голема група луѓе, екстровертите се нивна спротивност. Но, во последно време психолозите повеќе внимание посветуваат на амбиверти – личности кои имаат особини на екстроверт и интроверт.

Кои се амбиверти?

Се смета дека амбивертите се оние личности коишто ги поседуваат карактерните особини и на интровертите и на екстровертите и коишто во различни прилики и ситуации можат да бидат отворени или затворени личности. Амбивертите се личности кои се чувствуваат пријатно и удобно кога се со опкружени со луѓе, но и кога се сами. Во зависност од различните ситуации, тие можат да делуваат како интровертна или екстровертна личност, да бидат друштвени и социјални или пак, повлечени и срамежливи. Но сите овие особини амбивертите не ги изразуваат драстично како интровертите и екстровертите и оттука се наоѓаат на средината на линијата на типови на карактери.

Амбивертите се најуспешни продавачи

Но, зошто оваа особина го привлече вниманието на истражувачите толку многу? Токму затоа што адаптибилноста и рамнотежата помеѓу карактеристиките на интроверт и екстроверт се рецепт за успех во деловниот свет.

Знаеме дека најважната работа за успехот на кој било бизнис е продажбата. Додека екстровертите одамна се сметаа дека се најдобри продавачи, студијата на Адам М. Грант од Универзитетот во Пенсилванија покажа дека амбивертите се оние кои добиваат најдобри резултати од продажбата. Грант спроведе квартална анкета на 300 продавачи на двата пола користејќи тест за личност, а резултатите се совпаднаа со неговата првична хипотеза дека најдобри резултати биле добиени од лица кои се амбиверти.

Тие постигнале 24% подобри резултати од интровертите и дури 32% подобри резултати од екстровертите.

Што ги прави толку успешни?

Првото нешто што ги прави амбиентите толку успешни е флексибилноста. Амбивертите сакаат да бидат опкружени со луѓе, но сакаат да бидат и сами. Тие сакаат да зборуваат, но знаат и кога да замолчат. Оваа особина ги прави успешни не само во деловниот свет, туку и во приватниот живот.

Запомнете, најгласните се оние кои сакаат да бидат во центарот на вниманието, но тоа не значи дека тие се најуспешните.

Фото: Pexels