Зошто централните банки сè повеќе се заинтересирани за злато?

118

Денес, централните банки поседуваат 35.000 тони злато, што во моментот се вреднува на околу два трилиони долари, изјави Рајан Џианото, директор за аналитика во ETF GraniteShares.

Business Insider побара од голем број експерти и аналитичари да истражат зошто централните банки купуваат злато толку активно во последните години.

“Зголемената изложеност на централните банки на злато е долгорочен тренд од нивна страна, почнувајќи пред неколку години. Како главен двигател кон тоа е секако цената“, рече Макс Кастели, главен стратешки менаџер во UBS Asset Management.

Џианото додава дека Централните банки често купуваат државни хартии од вредност или валути, но сега златото е алтернативно средство што може да ја постигне својата цел, имено да се обезбеди доверба во националната валута за време на несигурни периоди во кои живееме.

Покрај американскиот долар, еврото и евентуално јапонскиот јен, швајцарските франци и британската фунта, централните банки ширум светот можат да позајмуваат злато од оние на кои им е потребно, за што добиваат и приход во соодветната валута.

Ли Гохринг, менаџерски партнер во инвестициската компанија Goehring & Rozencwajg Associates, вели дека во последните години имало две главни земји кои купувале злато: Русија и Кина.

“Од 2008-ма година има промена во ставовите на банките кон златото и од 2009-та година тие купуваат повеќе злато отколку што продаваат. Овој тренд продолжува и до ден денес“, вели Гохринг.

Трговските војни, геополитичките тензии, заканите за санкции против разни економии ја намалија желбата на централните банки да задржат вакви големи делови од нивните резерви во американски долари. Нивната желба е да ги диверзифицираат своите резерви, а златото е најпосакуваното богатство за тоа, додава Гохринг.

Во последниве години, покрај Русија и Кина, друга земја направи сериозни набавки на злато.

Турција најголем купувач на злато

Турција е најголемиот купувач на злато во последните 12 месеци, за кое време скоро двојно ги зголеми своите резерви. Набавките во овој период изнесуваа 268,9 тони, што значи дека вкупните резерви на земјата сега изнесуваат 583 тони.

Можеме да го кажеме на друг начин, да ја илустрираме огромната количина на злато што земјата го купува. Во последните 12 месеци, Турција се здоби со повеќе злато од која било друга земја во светот. Дури и Русија, која се најде на второ место на овој ранг, има само 93 тони.

Централните банки ќе продолжат да купуваат злато

Златото ја премина границата за унца од 2.000 долари во текот на минатата недела. Растот во јули главно се должи на тензиите меѓу двете најголеми економии во светот – САД и Кина, бидејќи инвеститорите уште еднаш се свртеа кон металот, сметајќи го за предност за азил.

“Очекуваме овој тренд да продолжи, ова е долгорочната стратегија на централните банки“, рече Кастели.

Фото: Freepik