Зошто Илон Маск свикал состанок со вработените во еден часот по полноќ во недела?

728

Oсновачот на компанијата Tesla, Илон Маск е познат по тоа што поставува тешки цели. На крајот на февруари, шефот на Tesla и SpaceX им наредил на сите вработени во компанијата за вселенска технологија во една од фабриките да се состанат во еден часот наутро во недела. Во раните утрински часови, според CNBC, тој сакал да открие од неговиот тим зошто фабриката не работи деноноќно за да се изградат вселенски летала и ракети.

Инженерскиот тим соопштил дека е потребно повеќе луѓе да работат на вакви смени. Како резултат на тоа, SpaceX ангажирал 252 нови вработени во рок од 48 часа, удвојувајќи ја својата работна сила во таа фабрика.

Случајот покажува многу за тоа како е да се работи за Маск.

Претседателот на SpaceX, Гвен Шотвел, се приклучила на компанијата во 2002 година како вработена број 7. Деценија и половина подоцна, таа вели дека сè уште сака да работи за Маск. Но, исто така, таа признава дека тој е доста интензивен.

“Нема сомнение дека Илон е многу агресивен во врска со неговиот тајминг, но искрено, тоа нè тера да ги правиме работите подобро и побрзо“, рече Шотвел во разговорот за TED во 2018 година.

Шотвел вели дека морала да научи да слуша и да размислува пред да ги одбие смелите цели на Маск.

“На прво место, кога Илон кажува нешто, мора веднаш да направите пауза и да не викнете: Па, тоа е невозможно или Нема шанси да го сториме тоа. Не знаеме како. Ја затворате устата и размислувате за тоа и наоѓате начини како да го направите“, вели Шотвел.

Во твит, во кој регрутира вработени да работат за неговите компании, самиот Маск признава дека може да биде тешко да се работи со него.

“Има многу полесни места за работа, но никој досега не го сменил светот, работејќи 40 часа неделно“, твитна Маск во ноември 2018 година.

Фото: Pixabay