Зошто најголемите компании во светот имаат Индијци за директори?

141

Старбакс именуваше нов извршен директор. Тоа е Лексман Нарасимхан кој доаѓа од позицијата извршен директор на Reckitt. Работел во Пепси и Мекинси. Тој е Американец со индиско потекло.

„Неговото длабоко, практично искуство водење на стратешки трансформации во глобалните компании со кои се соочуваат потрошувачите го прави идеален избор“, се вели во соопштението.

Пред Нарасимхан, веста што го обиколи светот беше назначувањето на новиот оперативен директор на Мета, Хавиер Оливан, Шпанец задолжен за глобалниот успех на Facebook.

Ова зборува за тоа каков е трендот во компаниите денес, особено во САД. Големите светски компании сега назначуваат луѓе кои не се од САД на позиции на извршни директори. А Индијците доминираат.

Таквите луѓе имаат многу поширока слика и подобро познавање на глобалниот пазар, а Индија е една од оние земји што ги претставува најперспективните. Ако вработите личност која знае пазар со над милијарда жители, имате win – win ситуација.

Дека луѓето со индиско потекло се доминантни на некои места покажува и списокот на компании кои ги поставиле на чело, пишува Бонитет.

Извршен директор на Мајкрософт е Сатја Надела, кој оваа функција ја извршува од 2014 година.

Потоа, Сундар Пичаи, извршен директор на Alphabet или Google.
На листата се:

Adobe – Шантану Нарајен

Твитер – Параг Агравал

IBM – Арвинд Кришна

Новартис – Васмут Нарасимхан

Албертсонс – Вивек Санхаран

Микрон – Санџај Мехротра

ПалоАлто – Никеш Арора