Зошто некои компании се осудени на пропаст?

124

Секоја компанија, од моментот на нејзиното основање, се соочува со низа предизвици на коишто некои успеваат да им одолеат, но има и такви кои “паѓаат на колена“ и се откажуваат.

Бројни истражувања ги анализираат причините поради кои некои компании едноставно не можат да успеат и мора да им се стави клуч на врата.

Игнорирање на купувачите

Секоја компанија има за цел да остварува профит за да биде одржлива на долг рок. Но, во тоа ќе успее само ако ги следи барањата и потребите на потрошувачите. Во спротивно, нема да може да опстои ако тврдоглаво продолжи по свое.

Недостасува вистинскиот тим

Многу е тешко да се успее како “соло играч“, бидејќи потребно е да се создаде тим којшто ќе ги балансира сите потребни елементи за да успее. Затоа, важно е да се направи вистинската селекција на вработени и да се спои нивното знаење, искуство, вештини и мотивираност.

Лош маркетинг

Има компании коишто го игнорираат маркетингот, верувајќи дека можат сами да успеат. Некои компании пропаѓаат бидејќи доцна ја сфаќаат важноста и потребата од градење вистинска маркетинг стратегија.

Изгубен фокус

Ако компанијата нема изградено јасни цели, тогаш многу лесно ќе се загуби на патот, на којшто многу “побрзо возат“ конкурентните. Многу е важно да има зацртана визија, којашто ќе треба да му го покаже патот на менаџерите, па дури и во некои непредвидени ситуации да може да се избори за вистинските вредности.

Фото: Pixabay