
Најаватa за увоз на 10 илјади странски работници предизвика бројните реакции во јавноста особено поради фактот што во државата има 100 илјади невработени. Поголем дел од граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека апсурдно е да се носи ваква одлука кога во државата има голем број невработени.
И покрај тоа што квотата за увоз на странски работници е далеку пониска од онаа во земјите од регионот и не отстапува многу од минатогодишната, сепак се поставува прашањето каде се нашите невработени?
-За мене ова е уште една потврда дека Македонија е во сопственост на мала група бизнисмени на кои политичарите им се само слуги и кои заедно секој ден, сѐ повеќе и повеќе, ја претвораат државата во економска депонија. Во Македонија има повеќе од 90.000 официјални невработени, односно луѓе кои сакаат да работат ама не можат да најдат работа, и повеќе од 700.000 неактивни, односно луѓе кои не работат ама веќе не ни бараат работа, затоа што знаат дека не можат да најдат. Во таква ситуација да се зборува за недостиг на работници и да се заговара носење работници од странство не само што е нон-сенс, туку е и нехумано, изјави за „Локално“, економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ.
Целиот текст на Локално.мк











