Зошто “правењето пари“ не треба да е единствена цел во животот

277

“Среќата со пари не се купува“ е стара изрека што досега сме ја чуле милион пат, но дали сите веруваме дека е вистинска, прашува Entrepreneur.

Многумина и нема да се согласат со овој факт бидејќи живееме во материјално време, кога за да можеме нормално да функционираме и кога сакаме да ги оствариме соништата што ги имаме, потребни ни се пари. Но, “правењето пари“, односно нивната заработка не треба да ни биде единствена цел во животот.

Парите како средство за постигнување некоја цел

Кога луѓето посакуваат сметка со седум, осум или девет цифри, тие никогаш не ги гледаат парите како пари пред себе. Вистинската вредност на парите е во тоа што може да се направи со нив .

Парите се потребни за да може поголемиот дел од плановите да се реализираат. Без оглед на тоа каква е целта – материјално добро или некое ново искуство, парите се важни за нивно остварување.

Животот е премногу краток

Иако е клише, сепак тоа е вистината. Важно е во животот да се има план и цели за иднината, без разлика на тоа дали се или не се поврзани со пари, но тоа не може да биде пречка за сегашноста. Не мора сите соништа и планови да бидат “сместени“ во далечна иднина или да се започнуваат со речениците: “кога ќе бидам богат…“, “кога ќе станам главен…“ или “кога ќе се пензионирам…“.

Внимавајте да не прегорите од работа

Прегорувањето од работа е своевиден феномен што се поврзува со физичко и ментално или емоционално исцрпување поради преголем стрес доживеан на работното место. Затоа, важно е да најдеме нешто што има исто толкава вредност во нашиот живот, исто како и кариерата. На тој начин ќе ја најдете потребната мотивација за да се изборите со сите предизвици и знаете како да се справите со ситуациите што се непредвидливи.

Фото: Freepik