Надуената бирократија во Германија ги обесхрабрува инвестициите и ги принудува компаниите да се преселат во странство, предупредува економскиот институт Ifo, повикувајќи се на сопствена студија.
Водечкиот германски институт во петокот објави дека 91 отсто од 1.763 анкетирани компании се пожалиле на зголемувањето на бирократскиот товар во претходните две години. Кај индустриските компании тој удел е дури 91%, пренесува dpa.
Во последните две години, речиси половина, 46 отсто од компаниите ја одложија планираната инвестиција поради прекумерна бирократија, а речиси една петтина, 18 отсто размислуваат да се преселат од Германија поради истата причина.
На многу компании особено им пречи Законот за синџири на снабдување од минатата година, кој наметнува почитување на човековите права и еколошките стандарди по целиот производствен синџир.
Истото е и со скапите одобренија на Германија и комплицираниот даночен систем.
Студијата покажува дека поттикот за иселување од Германија се зголемува со големината на компанијата. Така, секоја четврта компанија со најмалку 250 вработени планира да го пресели производството во друга земја.
Во истражувањето учествувале 57 од најголемите семејни фирми во Германија, со вкупно 403.000 вработени и годишна продажба од над 90 милијарди евра. Две од пет такви компании размислуваат да се преселат во странство.