Зошто шефот на Pfizer ја напушти Грција?

65

Првиот човек на фармацевтскиот гигант, Pfizer, Алберт Бурла е роден и пораснал во Солун. Детството и младоста ги поминал во центарот на Солун, а студирал на Универзитетот Аристотел. И денес навива за фудбалскиот клуб Арис, а секое лето сака да го поминува во регионот на Халкидики.

“Никогаш нема да заборавам од каде сум и кому некои работи му ги должам. Универзитетот е основа на мојот карактер и моја кариера“, изјавил Бурла во една прилика.

Грчките власти ги финансирале студиите на Бурла, но успехот го постигнал во странство, пренесува Дојче Веле. Таков е примерот со голем број Грци, бидејќи уште од финансиската криза е забележано големо отселување на висококвалификувани лица од Грција во странство.

Тамошните медиуми ја слават вакцината на Pfizer како национален успех, а во земјата тоа е симбол на напредок, бидејќи Грк е на чело на компанија која успешно се бори против пандемијата.

Фото: Facebook