Зошто трошиме на луксуз, а штедиме на ситници

58

Многумина сакаат да се пофалат со најдобар телефон, скап автомобил и брендирана облека. Според истражувањата, луѓето во просек оставаат бакшиш во ресторани, а истовремено никој не го одбива кусурот при пазарење во продавница. Статистичките податоци покажуваат дека еден од пет сопственици на iPhone имаат постојани парични проблеми.

Зошто некогаш без проблем даваме пари повеќе од што треба?

Не забележувате разлика кога сметката е голема

Откако ќе вечерате во ресторан и келнерот ви донесе сметка од 7,7 евра, веројатно ќе му дадете осум евра и ќе “заборавите“ на кусурот.

Од друга страна ако купувате на пример компири, тешко дека некој ќе одбие да земе кусур.

Тајно сме погодени

Да се биде добар трговец е тешка наука. Постојат многу трикови коишто ве тераат на купување. Прво, трговецот ќе ви понуди нешто бесплатно да поттикне реципроцитет, а потоа преку социјалните мрежи ќе ви покаже колку е производот совршен.

Не сакаме некој да мисли дека сме сиромашни

Повторно психологијата игра важна улога. Во скапи ресторани и кафулиња, келнерите честопати не враќаат кусур ако не им побарате и луѓето тука обично се дарежливи со бакшишот. Потсвесно почнуваме да веруваме дека е погрешно да се однесуваме поинаку и затоа се однесуваме како сите други.

Фото: Pixabay