Зошто трошиме повеќе време и пари кога купуваме нешто за другите?

74

Истражувањата покажуваат дека скоро секогаш кога треба да купиме нешто за некој наши близок трошиме двојно повеќе време и пари. За таквото однесување, според научниците, постојат две причини – психологија и биологија.

Според BBC, истражувањата покажуваат дека понекогаш свесно, а понекогаш и несвесно, трошиме повеќе пари на далечни роднини, отколку на блиски пријатели. Причина за таквото однесување се наведува опстанокот и ширење на гените. Со оглед на тоа што делиме генетски материјал со роднините, логично е на нив да потрошиме повеќе пари.

Професорката по психологија, Елизабет Дан, спровела истражување меѓу своите студенти. Таа им дала од пет до 20 долари на своите ученици. Тие требало сами да одлучат колку пари ќе потрошат на себе, а колку на некој друг. Податоците покажуваат дека учениците кои потрошиле 20 долари на други луѓе, биле многу посреќни.

Подарувањето за многумина значи гест со којшто сакаат да покажат внимание кон луѓето што им се важни во животот. Освен што даваат, луѓето се чувствуваат и посамоуверено кога подаруваат.

Истражувањата спроведени во САД покажуваат дека родителите во просек се подготвени да потрошат 330 долари за подароци за нивните деца, 196 долари за сопружниците, 90 долари на блиски членови од семејството и 50 долари за најдобрите пријатели.

Фото: Pixabay